„Тiiiit! Inc.“ и Радио 103 организираат три женски филмски вечери во МКЦ, ќе бидат прикажани 9 филмови од 9 режисерки, по филмовите ќе се одржат и три дискусии со авторките и со познавачи на филмот, проследени со три DJ сетови на девојките од 103-ка.
„Статистиката на светско ниво вели дека само 16% од сите активни филмски режисери, продуценти, писатели, кинематографери и монтажери денес се жени. Од друга страна, за прв пат во историјата на иднината на македонската кинематографија, класата по филмска режија на ФДУ во Скопје е женска класа. Дури 4 од 6 студенти се девојки, кои за пар години ќе им се придружат на 5те филмски режисерки кои таму дипломираа во изминативе 5 години. Сите умни, смели женски со уникатен поглед на светот и автентично толкување на тоа што е филм. Прават добри филмови и собираат награди по меѓународни фестивали.
Филмската режија во Македонија ја доживува својата женска ренесанса. И тоа вреди да се одбележи
„3“ е важен број, исто како што на овие девојки им е важно и Прво па женско, па благодарение на добрата волја на сите учесници во нив, овие настани ќе бидат прилика за fund raising за третото издание на фестивалот што ќе се одржи од 6 до 8 март во МКЦ.“, пишуваат од „Тiiiit! Inc.“