Забрана за камиони на патиштата Маврово- Дебар и Кичево-Охрид

Од:

Поради интензивни врнежи од снег, на патните правци крак Маврово – Дебар и Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека има забрани за движење на тешки товарни возила, соопшти изутринава Автомотосојузот на Македонија.

Врнежи од снег има во Охрид, Струга, Кичево и Буково, но без забрани за движење.

Сообраќајот на патниот правец клучка Марвинци – Гевгелија е во прекин поради излевање на Вардар на коловозот, а има прекин и на патиштата Кочани – Зрновци и Трботивиште – Разловци поради попуштање на мостовите на реката Брегалница.

На патот Демир Капија – Корешницае  воведена забрана за сообраќај на лесни возила поради излевање на реката Вардар на коловозот. Во општина Пробиштип, поради свлечиште и понатаму е во прекин сообраќајот за сите видови моторни возила на патот Киселица – Злетово. Возилата се пренасочени од Киселица – Пробиштип – Леговец – Злетово.

Поради зголемување на нивото на реката Брегалница, превентивно е затворен патниот правец од Ново Село кон Радовиш.

Во прекин е сообраќајот на локалниот пат за село Покрајчево кој го поврзува магистралниот пат Радовиш-Струмица, поради излевање на Радовишка река и се одвива преку село Подареш-Радовиш.

За секаков вид сообраќај е во прекин регионалниот патен правец од село Тополчани кон село Клепач поради премногу вода, а голлеми одрони од камења  го прекинаа сообраќајот на патот Скопје – село Брезница –  Кула –  Коломонт –  Македонски Брод. Ренџерската служба на Јавното претпријатие „Јасен“ во рамки на своите надлежности го расчистува патот и ги известува патниците за движење на овој патен правец.

Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива по наместа влажни коловози.АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Во сила е законската обврска за поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моментната временска состојба. Обврската ќе трае до 15 март.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози