„Советот на СОНК на вонредна седница, одржана во попладневните часови, на која присуствуваа и Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски, расправаше по Предлог – Спогодбата постигната во преговорите водени интензивно последните денови помеѓу највисокото раководство на СОНК и ресорните министри со најблиските соработници.
По подолга расправа Советот оцени дека постигнатиот договор, помеѓу СОНК и ресорните министерства по барањата, кои беа причина за Генералниот штрајк, преставуваат прифатлив компромис и врз основа на тоа, Советот донесе Одлука Генералниот штрајк да биде прекинат во сите основни и средни училишта, како и во градинките.
Тоа значи на 4-02-2015 година, редовно ќе се извршуваат работните обврски, согласно наставниот план и програма и работното време, согласно одлуките на секоја установа“, стои во вечерашното соопштение од СОНК.