Студентите се подготвени за окупација на факултетите

Од:

На вечерашниот состанок на студентите на Генерален пленум, тие ги договараа идните насоки на своето делување. Не донесоа конечен заеднички став, но начелно се подготвени за можноста да ги окупираат факултетите и тоа пред средбата на Министерството за образование и УКИМ, која е најавена за 10 февруари.

Студентскиот пленум на собирот што се одржа на Архитектонскиот факултет во Скопје, одлучуваше дали да присуствува на средбата со Министерството за образование и наука и Сенатот на УКИМ или да се „окупираат“ универзитетите.

Студентите се договорија пленумите на сите факултети да одлучат одделно, а потоа заедно да ги разгледаат усвоените предлози за да донесат заеднички став.

Стдентскот пленум ќе се ангажираа да им помогне на настраданите во поплавите во Источна Македонија во соработка со Црвен крст.

Би можело да ве интересира

Левица: ВМРОвскиот закон за студентски стандард со каталог на заострени казни го штити системот од студентите

УКИМ го објави конкурсот за запишување студенти во прв циклус во учебната 2026/2027 година

Директорот на српската полицијата: „34.300 блокадери се собраа на Славија“

Студентитите протестираа: УЈП вели мора да се пријави доход од странство, не се работи за нов данок

Катерина Ѓуровски

Српските студенти порачаа: „Нема да одиме за совет во Москва“

Горан Наумовски

Отстранет e „Чациленд“, на негово место ќе има „Божиќно село“

Горан Наумовски