Лошите искуства не не прават посилни, тврди германски психолог

Од:

Поговорката „тоа што не те убива, те прави посилен“ е неточна, трврди признатот германски психолог Јуле Шпрехт.

– Тоа е погрешно верување, изјави 28-годишната Шпрехт, која е добитничка на наградата на градот Берлин за млади научници.

– Резултатите од повеќе студии укажуваат дека негативните искуства во животот имаат негативни последици, а позитивните формираат позитивен контекст – стабилно семејство, здрав однос и исполнетост. Зборувајќи генерално, луѓето позитивно се развиваат кога се задволни од својот живот, нагласи Шпрехт во изјава за агенцијата ДПА.

Шпрехт е професорка по психолошка дијагностика на Берлинскиот универзитет. Нејзина главна област е истражување на развој на личноста, изборот на партнер и причините и последиците од задоволства на животот.

Не знаеме зошто чувството на среќа толку брзо поминуа. Позитивните случувања побрзо бледеат од негативните, вели Шпрехт.

Таа нуди совет.

– Треба да бидеме свесни и да се препуштиме на оние работи кои одат добро, наместо секогаш да трчаме па нови цели, објасни таа.

Според неа, и особините на личноста имаат силно влијание врз добросостојбата.

– Екстравертните луѓе и оние кои се емоционално јаки се склони кон среќата. Личната добросостојба може исто така да се поттикне со тоа што повеќе ќе се дружите, ќе си се почестите со нешто и ќе размислувате позитивно. Но, тоа не е лесно, заклучи Шпрехт.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арманд Дуплантис ја запроси девојката на духовит начин: Таа мислеше дека тоа е поза за фотографирање

Предраг Петровиќ

Манекенка проговори за забавите на Диди: „Куќата беше полна со секс, дрога и камери“

Предраг Петровиќ

Се повеќе гласини дека Меган и Хари се разведуваат

Предраг Петровиќ

Бред Пит ја откри улогата која му го промени животот: Научив многу

Предраг Петровиќ

Ограбен домот на пејачката Џеси Џеј, украден накит вреден повеќе од 20.000 долари

Предраг Петровиќ

Русинот Ди Каприо сепак мора да оди во војска? Промената на изгледот го чинеше холивудска слава

Предраг Петровиќ