Цивил загина денска во експолозија на бомба во близина на полициски контролен пункт во предградие на Александрија во северниот дел од Египет.
Друг маж и 12-годишен негов син беа ранети од експлозијата што се случи во западниот влез на пристаништето во Александрија.
Цел на нападот бил полицискиот контролен пункт.
Во Египет се случија голем број напади против армијата и полицијата. Одговорноста ја преземаа досега џихадистички групи од кои најголемата е блиска до Исламска држава.
Во Каиро денеска експлодира бомба поставена во електричен трансформатор, но немаше жртви. Две други експлозивни направи беа деактивирани на паркинг на аеродромот во близина на Каиро.