Роудс: Економските санкции остануваат најдобриот начин да се влијае врз Русија за украинската криза

Од:

САД веруваат дека економските санкции остануваат најдобриот начин да се влијае врз Русија заради нејзината улога во украинската криза и дека испраќањето повеќе оружје нема задолжително да го разреши украинскиот проблем, смета Бен Роудс, заменик советник за национална безбедност на Белата куќа.

– Ние и натаму веруваме дека најдобриот начин да влијаеме врз руските планови е преку економските санкции, кои „здраво ја касаат“ руската економија, рече Роудс во интервју за телевизијата Си-Ен-Ен.

Замолен да ги коментира информациите дека Вашингтон размислува дали да и даде оружје на Украина во борбата против проруските сепаратисти, Роудс изјави „ние не мислиме дека украинската криза ќе се реши доколку едноставно се трупа повеќе оружје во овој конфликт“.

Би можело да ве интересира

Украинците ги открија трите услови на Русија за мир

ВИДЕО: „Естонците се обидоа да го нападнат рускиот танкер, а потоа се појави Су-35“

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Литванија и Латвија му забранија на Вучиќ да лета за Москва