Прекин во сообраќајот на повеќе патишта поради оштетувања на коловозите

Од:

Поради излевање на реката Вардар на коловозот, сообраќајот на патниот правец клучка Марвинци – Гевгелија е во прекин. Излевање на водите од Вардар предизвикаа прекин и на патниот правец Демир Капија-Корешница.

Поради излевање на реката Брегалница превентивно е затворен за сообраќај патниот правец Штип – Ново Село. Патниот правец Прилеп-Крушево во близина на село Врбјани е во прекин, а исто и помеѓу селата Боротино, Обрашани и Кривогаштани.

Магистрален пат А-3 Делчево-Кочани е пренасочен по Р 2345 преку село Бигла поради поголеми одрони кај м.в Драките.

Сообраќајот за сите сите видови на моторни возила на локалниот пат крстосница 20 ти км брана Мантово е непрооден поради излевање на реките.

Од крстосница за влез во централното градско подрачје на Штип сообраќајот е затворен за сите моторни возила.

Регионален патен правец од село Тополчани кон село Клепач поради премногу вода е во прекин за секаков вид на сообраќај.

Сообраќајот на регионалниот пат Р-2232 кај м.в Глобица атар на село Ратавица поради свлечување на брегот и на поголем дел од коловозот во ширина сообраќајот е во прекин, локалниот пат село Ратавица према село Бунеш е во прекин поради поткопување на патот и рушење на мостот на река Злетовица.

Сообраќајот е во прекин и на патниот правец село Горни Подлог-село Мојанци поради излевање на река Масалница и патниот правец према с. Кучичино поради излевање на реката Брегалница.

Регионален пат Крушево-с.Пуста Река не е прооден поради тоа што екипа на Македонија пат не е помината. Чистењето на тој патен правец е во текот на денот.

Прекин на сообраќајот има на следните патни правци: регионален патен правец с.Мало Коњари-с.Кадино Село како и патниот правец Прилеп-Кривогаштани на м.в Бегова Ливада има премногу вода, но не е во прекин.

Сообраќајот на патен правци Кочани – Зрновци и Трботивиште-Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на р. Брегалница.

Поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Долно Коњаре има забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси.

Забраната за движење поради свлечиште кај с. Ратавица, на патот Киселица – Злетово во општина Пробиштип е се уште во тек.

Поради надојдените води од реката Крива Лакавица во прекин се патните правци кон с.Степанци и с.Суво Грло.

На патниот правец Виница – Берово на 11-от и 12-от километар на две места во должина од по 20 метри сообраќајот се одвива по една коловозна лента поради поплава. На местата е поставена соодветна сигнализација од страна на ЈП Македонија пат.

Регионалниот патен правец с.Новаци-Рибарци-Гнеотино-Брод, како и патот од с.Кременица до с. Гремијан се под вода и на истиот има поголеми оштетувања.

На патниот правец Делчево – Македонска Каменица на 14-тиот и на 27-миот километар во должина од 200 метри сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

Мостот на реката во с. Гремијан е пред уривање.

На патниот правец Р1306 Прилеп-Кривогаштани-Крушево на поради излевање на одводните канали на коловозот има вода во висина од 20см. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација. Штетата на мостот на патниот правец Радовиш – Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента.

Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово – Дебар.

Сообраќајот на патниот правец Скопје – село Брезница – Кула – Коломонт – Македонски Брод е во прекин поради големи одрони од камења на делот Коломонт – Близанско.  Ренџерската служба на ЈП ЈАСЕН во рамките на своите надлежности го расчистува патот и непосредно ги известува патниците за движење на овој патен правец.

Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива по влажни коловози, на повисоките места со остатоци од кашест снег. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Крива Паланка, Страцин, Делчево и Кула.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска