Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети денеска дека во правосудството ќе ги искорени „клетките на рак“, со што покрена нов напад врз приврзаниците на својот ривал, имамот Фетулах Ѓулен.
Ердоган го обвинува приврзаниците на Ѓулен во правосудството дека стојат зад истрага за корупција, која ја раздрма турската влада во декември 2013 година, додека тој беше премиер.
Упатувајќи нови критики кон нив Ердоган изјави дека „бандата се обидела да изврши државен удар врз владата со средства, кои им се обезбедени за безбедноста на земјата и интересите на правдата“.
Ѓулен, поранешен соработник на Ердоган, кој во моментов живее во САД, остро ги демантираше обвиненијата на претседателот. Илјадници негови приврзаници, меѓутоа и натаму имаат влијателни функции на високи позиции во полицијата и правосудството.