Унијата на средношколци во Охрид, по започнувањето на денешниот штрајк во охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ се јави со наводна реакција во која тие упатија порака до професорите дека нивна задача била да ги научеле и бараа наставата да продолжи затоа што не биле подготвени изгубените часови да ги надополнуваат или уште полошо да ги изгубат.
А1он го контактираше претседателот на Унијата на средношколци во охридската гимназија, Благоја Буџакоски кој категорично негираше дека тој или било кој од претседателите го пратил тоа соопштение.
Не знам да ви кажам, не сум известен – одговори Буџакоски кој по кратка консултација со раководството на Унијата на средношколци во гимназијата и потврди дека тие како организација немаат пратено никакво соопштение.
Останува прашањето кој го испрати соопштението потпишано како да е испратено во име на Унијата на средношколци во кое немаше попишано ниту име и презиме на одговорно лице, ниту пак било каков контакт за повеќе информации.