Лажна тревога за автомобил-бомба пред Европскиот парламент и амбасадата на САД во Брисел

Од:

Брисел утринава го потресе лажен аларм за паркирани автомобил-бомби пред една од зградите на Европскиот парламент, како и пред амбасадата на Соединетите американски држави.

Како што јави дописникот на МИА од европската престолнина, службите за безбедност на Европарламентот забележале сомнителен автомобил паркиран на улицата „Монтоје”, по што ја известила белгиската полиција.

Припадниците на анти-терористичката единица на Министерството за внатрешни работи, утринава молневито ги испразнија канцелариите во посочената зграда на ЕП на улицата „Монтоје” и по еден час работа на анти-бомбашкиот робот, беше утврдено дека се работи за лажна тревога.

– Еден час траеше испитувањето на сомнителното возило, за кое време дел од нашите вработени беа надвор од една од зградите лоцирана на улицата „Монтоје”. Сепак, белгиската полиција утврди дека се работи за лажна тревога, по што нашите вработени се вратија на своите работни места – информираа од прес-службата на Европарламентот.
Во исто време, пред американската амбасада во Брисел, која е оддалечена 500 метри од ЕП, исто така имаше сомнеж за паркиран автомобил-бомба, откако едно лице набрзина го паркирало својот автомобил и побегнал од местото. Сепак, и во овој случај ,по интервенција на белгиската полиција, се утврди дека се работи за лажна узбуна, па и по кусата интервенција на дел од вработените во американската амбасада, истите се вратија на своите работни места.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он