Оштетени повеќе патишта, воведени забрани за сообраќај

Од:

Излевањето на реките од обилните дождови и топењето на снегот во изминатото деноноќие оштетија голем дел од патиштата, претежно во источна Македонија. Под вода и со одрони се повеќе патни правци, а сообраќајот е во прекин.

Според Автомотосојузот на Македонија, патниот правец Македонска Каменица-Кочани е во прекин поради одрон на камења и земја, магистралниот пат Делчево-Кочани е пренасочен преку село Бигла поради поголеми одрони кај местото Драките.

Непрооден за сите моторни возила е локалниот пат кон браната Мантово, поради излевање на реките. Од крстосницата за влез во централното градско подрачје  на Штип сообраќајот е затворен за сите возила. Поради премногу вода во прекин е и сообраќајот на регионалниот патен правец од село Тополчани кон село Клепач, а на регионалниот пат кај местото Глобица во атарот на село Ратавица поради свлекување на брегот и на поголем дел од коловозот. Не се сообраќа ниту на локалниот пат село Ратавица кон село Бунеш  поради поткопување на патот и рушење  на мостот на река Злетовица.

Сообраќајот е во прекин и на патниот правец село Горни Подлог-село Мојанци, каде е излеана реката Масалница и патот кон село Кучичино поради излевање на Брегалница. Не е прооден ниту региналниот пат Крушево – село Пуста Река, каде за во текот на денот е најавено чистење од страна на екипа на ЈП „Македонија пат“.

АМСМ информира за прекин на сообраќајот и на регионалниот патен правец село Мало Коњари-Кадино Село, како и Прилеп-Крушево во близина на село Врбјани и помеѓу селата Боротино и Обрашани и Кривогаштани.

Регионалниот патен правец с. Новаци- Рибарци-Гнеотино-Брод, како и патот од с.Кременица до с. Гремијан се под вода и има поголеми оштетувања, а пред уривање е мостот на реката во село Гремијан.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози