Откорнати 10 садници туи од зеленилото на булеварот „Никола Карев“

Од:

Во текот на вчерашниот ден непознати сторители откорнале 10 садници и оштетиле повеќе садници од видот туи (Juniperus Comunis), засадени во дрворедот од туи на булеварот „Никола Карев“, на потегот од касарната Илинден до семафорите кај Момин поток, соопштија денеска од Град Скопје.

Оттаму го осудуваат овој, како што велат, вандалски чин со кој е нанесена материјална штета, но и нагрдување на јавните зелени урбани површини, со оглед на тоа што зеленилото, особено дрвјата, придонесуваат за намалување на загаденоста на воздухот во нашиот град.

Од Градот апелираат до граѓаните да не ги оштетуваат зелените јавни површини, односно садниците во парковите и дрворедите, цветните фигури и цветните расади, коишто ги красат парковите и зелените површини низ градот, како и да не ја уништуваат урбаната опрема низ парковите.

Градот Скопје го пријавил овој вандалски чин во полиција, а МВР трага по сторителите. 

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош