Голманот на француската репрезентација Тери Омејер е прогласен за најдобар играч (МВП) на 24.Светско ракометно првенство кое се играше во Катар.
Омејер ја предводеше Франција до златото и заедно со репрезентативниот колега Никола Карабатиќ се најдоа во идаелната седморка на Мундијалот.
Идеален тим на СП:
Голман: Тери Омејер (Франција),
Лево крило: Валеро Ривера (Шпанија),
Лев бек: Рафаел Капоте (Катар),
Среден бек: Никола Карабатиќ (Франција),
Десен бек: Жарко Марковиќ (Катар),
Десно крило: Драган Гајиќ (Словенија),
Пикер: Бартож Јурецки (Полска).