Дел од скопските општини утре без струја

Од:

Времен прекин на снабдувањето со струја утре ќе има за дел од корисниците во скопските општини Чучер Сандево, Карпош, Студеничани, Кисела Вода и Центар, информира Центарот за справување со кризи Скопје.

Од 10 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од викендиците во село Побожје во Чучер – Сандево, од 09:30 до 11:00 часот од Горен Жданец  во општина Карпош, а од 8 до 9 часот од ул. „бр.8“ во Батинци во населба Љубош во Студеничани. Без струја од 9 до 10:30 часот ќе бидат корисниците на дел од ул. „Иван Хаџиниколов“ во населбата Драчево во општина Кисела Вода, а од 09:30 до 11:00 часот, корисниците од бул. „Илинден“ бр.83 влез 1  во општина Центар.

Како што информира регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 31 јули 2026 изнесува 157,81 евра за мегават час, на МЕМО 105,31 евра за мегават час

Снема струја во цела Грузија

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 24 јули 2026 изнесува 130,13 евра за мегават час, на МЕМО 90,13 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 10 јули 2026 изнесува 123,26 евра за мегават час, на МЕМО 110,00 евра за мегават час

ЕДС со силен раст и зацврстена позиција на пазарот: Тројно зголемен број на клиенти за само 18 месеци

Владата подготвува реформа на пазарот на струја, најавени пониски цени за домаќинствата