Официјален Вашингтон го отфрли барањето на кубанскиот претседател Раул Кастро за враќање на територијата на Куба, на која се наоѓа американската поморска база во Гвантанамо Беј.
Во соопштението на Белата кужа се вели дека САД нема да ја вратат назад базата, како дел од напорите за унапредување на билатералните однсои со Куба.
„Претседателот Барак Обама сака да се затвори затворот во Гвантанамо,но тао не се однесува и на поморската база“, се вели во ова соопштение.
Земјиштетт на кое е изградена базата, сместане на крајниот југоисток на кубанскиот остров им е дадено на траен лизинг на САД, со одлука на кубанските власти во 1903 година.
Кубанската револуционерна, комунистичка влада на Фидел Кастро, уште во првите години по соборувањето на претходната власт, го покрена прашањето за враќање на земјиштето на кое се наоѓа базата на САД.
Во подоцнежните години, официјална Хавана продолжи повремено да го покренува ова прашање, обвинувајќи ги Американците за „насилство врз меѓународното право“, но Куба редовно наплатуваше за лизингот и сепак го почитуваше договорот.
Во Вашигтон ги отфрлаат кубанските обвинувања и се повикуваат на меѓудржавниот договор за траен лизинг од пред повеќе од еден век, кој може да се раскине или да се промени, само со согласност на двете страни.
Минатиот месец, Куба и САД се спогодија да се одмрзнат нивните дипломатски односи кои се прекинати уште од 1961 година. Во Хавана, потоа, се организира и првите две средби на високо дипломатско ниво на кои се расправаше за миграцијата и за можноста од отворање на амбасади.
Кубанскиот претседател Кастро, кој ја поздравува новата клима во односите со САД, порача дека за вистинска обнова на односите ќе може да се зборува по укинување на американкото трговско ембарго, како и со повлекувањето на Американците од Гвантанамо и враќањето на изнајменото земјиште.