На денешната прва седница на новиот состав на Централниот одбор на ДОМ беа изгласани нови органи на ДОМ.
Реизбрани се за потпретседатели Денко Скаловски и Бети Дејанова, за секретар Стево Темелковски, за портпароли Тони Ристов и Маја Морачанин и за организацинен секретар Љупчо Јаневски.
Во составот на новиот Извршен одбор влегуваат околу дваесет проценти нови членови, со четириесет посто жени, а Извршниот одбор во најкус рок ќе го изготви акциониот план за натамошно делување на партијата, соопшти денеска ДОМ.
На седницата била разгледана и актуелната политичка ситуација во земјата, за која е изразена сериозна загриженост. Заклучено е дека ДОМ одблиску ќе ја следи актуелната политичко-безбедносна состојба и соодветно ќе реагира.