Кривична пријава против Борис Тадиќ поради обид за преземање на весникот „Курир“

Од:

Сопственикот на српскиот весник „Курир“ Радисав Родиќ соопшти денеска дека поднел кривична пријава против поранешниот претседател на Србија и на Демократската партија Борис тадиќ и уште други 22 лица, бидејќи, како што тврди, сакале да му го одземат весникот со помош на „апсења и уцени“.

Родиќ соопшти дека кривичната пријава ја поднел до Обвинителството за организиран криминал и оти очекува дека надлежните брзо ќе реагираат, пренесува Танјуг.

Тој, нарекувајќи ги лицата против кои поднел пријава „организирана криминална група, злосторничко здружение, терористичка група…“ изјави дека и во изминатите три дена примил многу закани, но не сакал да се откаже.

Родиќ вели дека нему лично не му треба ништо, но дека „народот треба да знае каква власт имал“, а со цел сегашната и секоја идна власт да не биде таква.

Би можело да ве интересира

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

ВИДЕО: Снимка од детонацијата, уништена гранатата пронајдена во центарот на Белград

Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Расте нивото на Дунав на влезот во Србија, врвот на бранот се очекува в среда

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ