Ал Сиси предупредува дека претстои „долга битка“ со исламистите

Од:

Египетскиот претседател Абдук Фатах ал Сиси предупреди дека Египет се соочува со „долга и тешка битка„ со исламистичките милитанти.

Изјавата е првата јавна реакција на Ал Сиси по крвавите напади на џихадистите врз армиските сили и полицијата во северниот регион на Синајскиот Полуостров.

Во терористичките напади од автомобили бомби и ракетирања и гранатирања на неколку локации, од страна на џихадистите од милитантна група, која тврди дека е поврзана со Исламска држава (ИД), беа убиени најмалку 32 војници и полицајци.

Нападите беа извршени во градот Ел Ариш, во неговата околина, како и во реонот на градот Рафах, на границата на Египет со Газа.

Серијата напади предизвикаа претседателот Ал Сиси да ја напушти конференцијата на земјите од Африканската Унија, што се оддржуваше во Адис Абеба, и да се врати во Каиро.

Според египетскиот претседател, исламистичките милитанти и нивните вооружени напади, не се закана само Египет, туку и за целиот регион на Блискиот Исток.

Каирските медиуми објавуваат дека претседателот Ал Сиси свикал итна седница на Врховниот совет на армиските сили на која е одлучено да се формира,нова специјална команда за Синај. Нејзината главна задача ќе биде војна со тероризмот и уништување на џихадистите.

Неколку години наназад разни милитантни исламистички групи војуваат со египетските воени и полициски сили, напаѓајќи ги нивните позиции на Синајскиот Полустров и извршувајќи терористички напади.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро