Видовме што сторивте – сателитите и човековите права

Од:

Ирин – Женева

Шокантните сателитски снимки од уништениот североисточен нигеријски град Бага и околните села од почетокот на јануари, обезбедија визуелен доказ за опсегот на злосторствата од нападот на исламистичката екстремистичка група Боко Харам.

Фотографиите кои го објавија Хјуман рајтс воч (ХРВ) и Амнести интернешенел на 15 јануари, и кои јасно покажуваат знаци на палење завршија со се поголема дебата за медиумското покривање на далечните зони на конфликтот. Тоа го врати фокусот на фактот дека нешто стравично се случило во Бага, и дека стотици, ако не и скоро две илјади луѓе, можеби се мртви.

– Ова е моќта на снимските, рече за Ирин адвокатот на нигерјскиот огранок на ХРВ, Клеменс Нванкво. „Причината зошто луѓето се прашуваат дали две илјади луѓе се убиени беше затоа што тоа ниво на бруталност е незамисливо. Но фотографиите го оправдуваат тоа тврдење, дека бројот на жртви може да достигне толкав број“.

Сателитските снимки се повеќе се користат од страна на ограниизациите за човекови права за да се проверат фактите по тврдењата кои тешко поинаку би можеле да се потврдат. Тие обезбедуваат дополнителна димензија на докази за истражувачите кои можат да бидат инстант или долгорочни – на пример, за собирање на секвенцијални серии на фотографии за да се забележат шаблоните на еколошка деградација.

Фотографиите исто така можат да окријат повеќе отколку што се очекува. Од ХРВ во моментов ги истражуваат потенцијалните инциденти со човековите права во Нигерија кои досега биле непознати.

Ограничувања

Сателитите не можат да заплашуваат или да бидат закана, а снимките се дигитални записи кои овозможуваат ретроспективна анализа. Но тие се само една алатка во работните торби на организациите, и си имаат свои ограничувања. Кај судовите продолжува недовербата во однос на допуштањето на податоците на судски рочишта како што се компјутерски генерираните снимки кои можат да бидат манишулација, па затоа е потребна субјективна интерпретација од експерти, и снимките не мора секогаш да покажуваат штети.

Презентацијата на поранешниот државен секретар на САД, Колин Пауел, во Советот за безбедност на ОН за ирачкото оружје за масовно уништување, е еден од најнеславните примери за погрешно наведувачките информации, вклучувајќи го и интензивното потенцирање дека погледот од вселената е помоќен од тоа што инспекторите на ОН одеа во инспекција на постројките.

Џош Лајонс е надворешен аналитичар на ХРВ. Тој работи на снимките од Бага и вели дека соработува со истражителите на терен – ги споредуваат изјавите на сведоците и локалните жители со она што може да се види од снимките – а тоа е клучно за точноста и кредибилноста на неговата задача.

Постојат бројни и се повеќе софистицирани комерцијални сателити, достапни по релативно ниска цена, кои го демократизираат нивното користење. Во случајот со Бага, Лајонс следел кои снимки од градот биле достапни тој ден, и платил на европската компанија Ербас само 350 долари (благодарение на попустот кој го има ХРВ како невладина организација), и го добил пакетот со снимкии за само два часа. Ако побара посебно снимање со задача сателитот да снима посебна област, тоа ќе го чини помеѓу 400 и 1,380 долари, во зависност колку брзо тие снимки му требаат.

– Не мора да значи дека цената е бариера, туку најважни се соодветнот софтвер и експертизата за да се интерпретираат снимките, рече Лајонс за Ирин. За да го забиколат тој проблем, невладините организации, како што се Американската асоцијација за напредок во науката, им обезбедуваат на организациите за човекови права поддршка со аналитичари. Амнести интернешенел користи сателити од фирмата ДиџиталГлоуб за да ги интерпретираат нивните снимки од Бага.

Комјутерските софтвери со комплицирани алгоритми и модели за забележување на промените се вообичаено потребни за да се процесираат и управува со големиот број сателитски снимки. Тие можат да дојдат во посебен ширински опсег, вклучувајќи и скоро инфрацрвен – што е добро за следење на промените на здравејто на вегетацијата – како и за откривање на докази за штети по пожари, но и како и во случајот со Бага. Новите сателитски системи користат софтвер со инфрацрвени кратки бранови за да пробијат облаци и густи чадови, и за да откријат објекти кои можат да бидат сокриени во традиционалните снимки – со резолуција до 31 сантиметар по пиксел.

Што може да се види?

Најтешкиот дел е да се добие претстава од тоа што компјутерот го прикажува. На пример, пожар остава траги кои раскажуваат одредена приказна: изгорени кровови и полно голи ѕидови кои се останати недопрени; воздушните напади прават кратери со силните удари; големината на артилериската муниција може да се измери, а оттука да се одреди и оружјето од кое е истрелано; ископана почва има друга боја и може да индицира дека нешто долу е закопано (сокриено).

Но она што може да изгледа како класичен печат за штети под разни околности може да одведе во погрешен правец, и затоа мора мачно да се елиминираат алтернативите. Погрешно комбинираните настани заради недостиг од доволно податоци за снимените серии е друг проблем. „Исто често е вообичаено што вашиот ум преку очите се навикнува на посебен вид штети, и можете да ги промашите другите детали“, вели Лајонс кој работел со ОН на следење од далечина во Мјанмар и на Шри Ланка.

Џи-Пи-Ес, Гугл ерт и Сателајт сентинел проџект (ССП), кој го финансираше Џорџ Клуни, беа чекор напред во еволуцијата на следењето на човековите права. Сега новите микро сателитски ланци, како што се Планет лабс и Скајбокс, кои треба да обезбедат постојано следење на планетата во реално време, некои ги сметаат за начин не само да се документираат, туку и да се повредуваат човековите права.

ССП оди надвор од „традиционалното“ следење на човековите права, и го проширува својот фокус за да истражува како, според зборовите на проектот, „оние кои извршуваат на масовни злосторства ги засноваат своите активности и каде ги кријат украдените вредности“.

Грег Хотелман, директор за комуникации во Инаф проџект, кој е партнер со ССП, верува дека далечинското следење е помеѓу палетата технологии кои можат „да помогнат да се спречат злосторства и кршењето на човековите права, за подигање на глобалната свест, за да се изнесе одговорноста на прекршителите, и за да се обезбеди правда за жртвите“.

Но Лајонс е помалку оптимистичен. „Не верувам дека постои таков магичен капацитет. Кога Исламска држава постира видео од последното обезглавување, или кога сиријската влада користи бомби-буриња – во еуфорија воените криминалци самите се сликаат (селфи) – па пораката е јасна. Тие не веруваат дека ќе бидат сметани за одговорни“.

Би можело да ве интересира

Разговараа Трамп и Путин

Предраг Петровиќ

Трамп Јуниор му се потсмева на Зеленски: „Уште 38 дена до губење на џепарлакот“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Снимки од силните земјотреси во Куба, паника насекаде

Предраг Петровиќ

Украина е пред судбоносна одлука: Ќе се повлече ли пред 50 илјади руски и корејски војници

Трамп победи и во Аризона, ги освои сите седум клучни држави

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Москва нападната со дронови, затворени аеродромите

Предраг Петровиќ