Државата се наоѓа во најтешките моменти од нејзиното осамостојување. Граѓаните на Република Македонија се соочуваат со најжестокиот режим на владеење во Европа, предводен од ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.
Денешната акција на МВР, по налог на премиерот Груевски, против претседателот на СДСМ Зоран Заев, а вордно и против целата опозиција, претставува класична злоупотреба на власта, демонстрација на сила и очајнички обид да се скрие вистината за корумпираноста, алчноста и недемократското владеење на оваа власт.
Никола Груевски во неговото обраќање, призна дека опозицијата поседува докази за противуставното и противзаконско владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
НСДП дава целосна поддршка на лидерот на СДСМ Зоран Заев во обелоденување на вистината за корумпираната, криминална, алчна, забегана и недемократска власт, како и целосна подршка во битката за враќање на демократските и европски вредности во Република Македонија, се вели во соопштението на НСДП.