Индија: Секој час исчезнуваат по 11 деца

Од:

Во Индија, на секој час се пријавува исчезнување на 11 деца, од кои во 40 отсто од случаите не може да им се влезе во трага, соопшти синоќа полицијата, која за време на шестдневната рација ослободи 220 деца од ропство.

Висок полициски офицер соопшти дека само завчера биле пронајдени 120 деца, од кои некои биле болни, неухранети и трауматизирани, а за време на шестдневната рација во Њу Делхи, Калкута и Мумбај спасени се стотици деца, пренесува ДПА.

– Децата имаа кожни болести од хроничен карактер и беа недоволно ухранети. Беа трауматизирани и видно вознемирени, потврди В. Сатјанарајана, заменик полициски комесар за Хајдерабада и дополни дека во акцијата се уапсени 31 трговец и агент и сите се обвинети за детско ропство.

Децата се пожалиле дека морале да работат по 16 часа дневно без пауза и им се заканувале со тепање и глад доколку не ги слушаат наредбите.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати