Дејселблум ја отфрли грчката идеја за меѓународна конференција за проблемот со долгот

Од:

Шефот на Еврогрупата Јерун Дејселблум денеска во Атина ја отфрли грчката идеја за организирање меѓународна конференција за проблемот со грчкиот долг, пренесе ТАСС.

Дејселблум, по средбата со грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис, позитивно ја оцени намерата на владата да ја заживее економијата, но подвлече дека целта на неговата посета на Атина е да „ги објасни очекувањата од спогодбите“, кои Грција ги има склучено со „тројката“ меѓународни кредитори.

Тој изјави дека неговиот разговор со грчкиот министер се вртел околу можните варијанти како Грција да ја продолжи кредитната програма на ЕУ.

Дејселблум изјави дека разгледувањето на овој проблем ќе продолжи во следните неколку недели.

– Што се однесува до идејата на Грција за меѓународна конференција за долгот, Дејселблум категорично изјави: „Таа веќе постои и се нарекува Еврогрупа.“

„Сфаќам дека луѓето настрадаа од мерките на жестоко штедење. Има, меѓутоа, значителен напредок и тој не треба напразно да се потроши“, изјави Дејселблум.

Според извор од грчкото Министерство за финансии, земјата ќе инсистира на свикување меѓународна конференција за грчкиот долг.

„Планот се состои од тоа при отпишување на дел од грчкиот долг даночните обврзници од другите европски земји да настрадаат што е можно помалку“, наведуваат во министерството.

Според министерот Варуфакис, при реализација на овој план, чии детали се чуваат во тајност, главната улога може да ја одигра Европската централна банка.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

Борисов и Петков: Скопје да одлучи – внесување на Бугарите во Уставот или патот кон ЕУ ќе остане затворен

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ