Без ни малку деморализација по несреќниот пораз од Шпанија, европскиот вицешампион Данска ја совлада Словенија со водство во текот на сите 60 минути.
Хансен и другарите и со таканаречената втора постава излегуваа на крај со многу лошата словенечка одбрана. На полувреме +4, на крајот 36:33 за скандинавците. Овој пат Шкоф и Прост немаа свој ден како против Македонија и во текот на 60 минути имаа само 4 одбрани.
Само Драган Гајиќ ја „набилда“ својата статистика со 12 гола, се останато што е за одбележување го имаа данците. Ласе Свен Хансен го забележа најдобриот учинок на еден ракометар на мундијалот со 13 гола од исто толку обиди. Рамо до рамо со него беше Кристијансен со 9 гола, а данските голмани не беа ништо подобри и собраа само 7 интервенции.
Кај Словенците ниту атмосферата не е идилична и олимписките квалификации сеуште не се обезбедени. Финалните 36:33 дури и се претесни за она што се случуваше на во „Али Бин Хамад Ал Атијах арената„во Доха. Покрај Хрватска и Данска во април 2016 година може да ги планира квалификациите за Олимписките игри во Рио.