Голужа: Им честитам на моите ракометари, ги извлекоа последните атоми

Од:

Не беше лесно да се биде Славко Голужа деновиве. Сите можни критики и обвинувања стигнаа на негова адреса и мечот со Полска во средата беше окарактеризиран како национална трагедија за хрватскиот народ. Затоа добредојдена беше победата од 28:23 во денешниот меч за пласман против Германија.

„Им честитам на моите момци за залагањето и желбата. Им честитам од срце што ги извлекоа последните атоми од силите. На мечот со Полска не треба да се враќаме, што беше, сега мина. Треба да се насочиме на утрешниот дуел. Уморот е присутен, не очекува уште последниот натпревар и треба да дадеме се од себе. Имаше и повреди на денешниот меч. Муса се пожали на болка во коленото и денес не можевме да сметаме на него. Брозовиќ исто така го повреди коленото, но нема што друго да правиме и да се посветиме на тоа што го имаме за мечот кој не очекува“, истакна Голужа.

Со победата против Германија, хрватскиот тим ги обезбеди квалификациите за олимписките игри во Рио и ќе се обиде што е можно подобро да заврши утре во мечот, кој може само да го намали „пожарот“ во хрватските медиуми, иако и денес се говори за дебакл и се бара одговорноста на Голужа.

Би можело да ве интересира

Гајиќ го играше последното Светско првенство

Ана Ололовска

Избран идеалниот тим на Мундијалот во Катар, Омејер со признанието МВП

Ана Ололовска

Франција е светски шампион во ракомет

Емир Латифовиќ

Полска по продолженија до бронзата

Емир Латифовиќ

Катар по невозможна мисија, Франција не загубила финале 22 години

Емир Латифовиќ

Чешки судии за финалето попладнево

Емир Латифовиќ