Селекцијата на Катар е во големото финале на Светското ракометно првенство кое се игра во нивната земја.
Тие попладнево ја совладаа Полска со огромна помош на судиите со 29:31.
При резултат 23:21, на 8 минути пред крајот, Жарко Марковиќ постигна гол од цепелин со огромен престап кој судиите го превидоа, го признаа иако на семафорот не беше запишан, а Полска намали на еден гол разлика, во наредниот напад повторно Марковиќ постигна гол кој беше запишан како два.
Со ова Катар станува прва селекција која ќе игра во финалето која е надвор од Европа. Претходно Египет и Тунис стигнуваа до полуфинале.
Капоте постигна 6 голови, сите во првото полувреме, а Шариќ одбрани 12 удари од кои 9 во вториот дел.
Најефикасен на дуелот беше Михаел Јурецки од Полска со 9 голови. Полската репрезентација незадоволна од судењето судиите на крајот ги поздрави со аплауз.
Противник на Катар во финалето ќе биде Шпанија, која го совлада во групата или Франција, кои го играат второто полуфинале од 19:00 часот.