(ВИДЕО) Душебаев: За мене Арпад е најдобар, но Гонзало овој пат се докажа

Од:

Иако не настапи на мечот со Данска, ракометарот на Вардар, Алекс Душебаев е значаен дел од ростерот на Каденас прд одлучувачките натпревари.

А сега доаѓа оној најтешкиот, најкомплицираниот, против Франција.

Како да се победи скоро непобедливиот тим на Онеста, тим кого само еднаш во последната деценија загубил од шпанскиот состав. Душебаев верува и во младиот голман, Гонзало кој одлично го заменува Штербик:

„За мене Арпад е најдобар на светот, но мислам дека на овој турнир младиот Гонзало брани одлично. Мечот со Франција е меч против голема репрезентација, играат страшна одбрана и тоа може да биде одлучучки. Со Данска бепе многу тешко, но сега не чека најтешкито меч на шампионатот. Се надевам дека во Македонија ќе се вратам со медал. Тоа ни е целта“, истакна Алекс Душебаев.

Шпанија и Франција скоро секогаш се среќавале на големите приредби со тоа што последен пат шпанците се радувале во Нови сад на мечот од групната фаза на европското првенство во Србија во 2012 година. Тоа е единствена победа од последните седум меѓусебни средби на „црвената фурија“ во мечевите со Франција. Еднаш играа и нерешено во групната фаза на мундијалот пред четири години во Шведска.

Би можело да ве интересира

Гајиќ го играше последното Светско првенство

Ана Ололовска

Избран идеалниот тим на Мундијалот во Катар, Омејер со признанието МВП

Ана Ололовска

Франција е светски шампион во ракомет

Емир Латифовиќ

Полска по продолженија до бронзата

Емир Латифовиќ

Катар по невозможна мисија, Франција не загубила финале 22 години

Емир Латифовиќ

Чешки судии за финалето попладнево

Емир Латифовиќ