По заминувањето на Дидие Динар кој сега е во стожерот на Онеста, имаше големи дилеми за тоа како Франција ќе се справи со дефанзивниот лидер в иднина.
Најкорпулентната репрезентација на шампионатот не зависи од ниту еден ракометар, а дефанзивата и на овој турнир е одлична. Лука Карабатиќ добива голема минутажа и се поактуелен е и на ракометниот пазар:
„Не сме ние фаворитите. Шпанија е светски првак и мислам дека шансите се 50-50%. Најважно ни е да играме силна одбрана и кога го имаме Тити на голот, сигурно дека е полесно. Ние мислам дека ќе бидеме прави, со иста посветеност и мислам дека нема да бидеме оптеретени“, истакна помладиот Карабатиќ.
Околу шпекулациите дека ќе го смени клубот, а можеби и ќе се пресели во македонскиот ракомет, Лука Карабатиќ рече:
„Не размислувам за тоа. Знам дека мојот менаџер ми кажа дека има неколку понуди. Од каде не знам. Веројатно од цела Европа“, заврши Карабатиќ.
Франција со комплетно ротирање на целиот ростер, има најмалку минути по ракометар на турнирот и свежината може да биде одлучувачка на тој натпревар.
Интересно е што дури седум ракометари на Барселона ќе играат во мечот од 19 часот, пет во шпанскиот табор и Никола Карабатиќ и Седрик Сорондо кај „галските петли“.
Извор: Кирил Лазаров 7