Од денеска на позицијата главен извршен директор на ОКТА е назначен Јаннис Геруланос, на местото на Виктор Папаконстантиноу, кој го продолжува својот ангажман во седиштето на Хеленик петролеум групацијата во Атина.
Геруланос претходно беше генерален менаџер во Југопетрол АД во Црна Гора. Во периодот помеѓу 2004 и 2008 година беше во ОКТА на позицијата комерцијален директор. Има универзитетско образование од областа на хемијата и повеќе од 20 години искуство во нафтената индустрија.