Граѓаните на Украина не сакаат да војуваат

Од:

Гласот на Русија – Москва

Властите во Украина ги обвинуваат воените обврзници во земјата за попречување на мобилизацијата. Без оглед на опасноста од кривично казнување, повеќе од половина резервисти на разни начини ги избегнуваат поканите во војска. Претходно претседателот на Русија Владимир Путин предложи на Украинците кои не сакаат да се борат да је преседат мобилизацијата во Русија. Жителите на западните области на Украина одбиваат да одат во војска. – Шефовите на 14 селски совети во Ивано-Франковската област одбија да ги примат поканите за војска. 57 отсто повикани воени обврзници на таа област ја напуштија територијата на Украина – тоа е цитат од Фејсбук страната на советникот на претседателот на Украина Петар Порошенко, Јуриј Бирјуков.

Извештајот за резултатите од првата недела на мобилизацијата беше шокантен. Посебно го изненадило однесувањето на жителите на западната област на Украина, кои традиционално биле поддршка на прозападното киевско раководство и не го сакале источен Донбас. За украинските власти оваа непослушност кон Киев беше непријатно изненадување. Иако, како што е објавено во извештајот, Украинците во целина не горат од желба да земат оружје во рака, истакнува политикологот, директор на Киевскиот центар за политички истражувања и конфликтологија Михаил Погребински.

Жителите не само на западните области, туку и во цела Украина не сваќаат најдобро зошто треба да ги ризикуваат своите животи. Пропагандата веќе ја помина таа граница кога можеше да го зголеми патриотското расположение. Се работи за тоа што порано многу жители на западна Украина немале ништо против самоуправата на источните региони. Своевремено спроведувале истражувања; тие не биле против таму да се користи рускиот јазик. И фактот дека многу претходно поканети во војска едноставно не дошле дома или се вратиле осакатени, покрај тоа и неуспесите на украинската војска на фронтот, сето тоа не го поттикнува борбениот дух.

Новиот бран на општата мобилизација, веќе четврти по ред, беше прогласен во Киев на 20 јануари. Воените обврзници од 25 до 60 години во рок од три месеци требале да добијат и усовршување на боеви навики далеку од дома. Властите на Украина ветиле дека резервистите, исто како и 20 годишните мобилизирани, нема да бидат упатуваин во кризните жаришта. Но луѓето не им веруваат, затоа се трудат да најдат можност да ја избегнат мобилизацијата. Кој може заминува во странство. Хостелите и мотелите во пограничните области на Романија се полни со млади Украинци. Река од тие кои бегаат од мобилизацијата тече кон Полска.

Во Русија поминуваат цели села. По тој повод претседателот на Русија дури доби наредба да се разгледа прашањето, Украинците кои не сакаат да станат топовско месо да можат да останат на руска територија без статус на бегалци, над предвидените 30 дена. Администрацијата на украинскиот претседател веќе подготвува поправки на Кривичниот закон за да ги прошири казните за избегнување на мобилизацијата. На Министерството за одбрана на Украина потребни се резервисти, од актуелниот бран на мобилизацијата и двата следни, кои се планирани оваа година. Состојбата на фронтот за Киев е критична. Без оглед на бројната надмоќ, вооружувањето, авијацијата, војската се повлекува. Имаат големи загуби. Украинските власти дури повторно стапија во контакт со лидерите на прогласените Доњецка и Луганска народна република во обид да ги запрат боевите дејствија кои моментално течат во корист на востаниците.

Така беше во септември минатата година, кога неуспехот на фронтот го поттикна Киев да склучи во Минск мировни договори. Но, наместо реално примирје и политичко решавање на конфликтот, Киев го искористи тој одмор за прегрупирање на силите и нова агресија. Овој пат на Донбас се потребни поцврсти гаранции. Киев не е расположен да ги даде. Затоа повторно се обидува да добие на време, а самиот забрзано ги бутка новајлиите во ровови.

Би можело да ве интересира

Руте: Украина ќе биде членка на НАТО

Рјабков: Русија го предупредува Израел да не ги напаѓа иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Руте: Украина мора да биде способна да ги започне преговорите со Русија од позиција на сила

Горан Наумовски

Зеленски го претстави победничкиот план, има пет точки

Серија воздушни напади врз Киев

Тарнер: Украина има право да пука во цели во Русија