Рускиот роман „Тајната на Александар Македонски“ објавен на македонски

Од:

„Македоника литера“ го објави  романот „Тајната на Александар Македонски“ на руската писателка Нелја Гулчук. Тој е еден од трилогијата романи на Гулчук посветени на Александар Македонски и на античка Македонија со наслов „Александар Македонски. Цар над царевите“.

– Гулчук раскажува детално, педантно и непристрасно, користејќи прилично богата фактографија за животот и за делото на најголемиот војсководец на сите времиња – Александар Македонски. Светот го знае како ученик на Аристотел, цар на Македонија, голем воен стратег, најпознат завојувач којшто мечтаел да владее со сите народи што ја населуваат Земјата, како човек што никогаш не отстапувал од своите замисли, но во овој роман Александар Македонски е претставен и од помалку познати аспекти, без глорифицирање на неговите подвизи и на неговата величина. Гулчук раскажува дека само еднаш се изневерил себеси. И тоа станало негова историска трагедија и голема тајна. Таа ни нуди комплексна и детална приказна за големата историска личност, а во овој историски, љубовно-авантуристички, па и криминалистички роман се раскажува и за прекрасни жени, за доблесни мажи, за силни страсни чувства, за чувството воспеано од поетите на сите времиња и народи – љубовта, соопшти издавачот.

Романот од руски јазик го преведе Ленче Тосева. Другите два романа од циклусот се „Александар Велики. Наследник на власта“ и „Спасителот Птоломеј“. Сите три романи се обемни дела и се резултат на повеќегодишни и темелни истражувања на авторката на животот и на походите на Александар Македонски и на историјата на античка Македонија.

Нелја Алексеевна Гулчук (1941-2012) е руски филмски режисер, сценарист и писател. Автор е на повеќе сценарија и е режисер на повеќе музички, долгометражни, сериски и стереоскопски филмови. Има добиено неколку меѓународни награди. Била член на Сојузот на кинематографи. Покрај трите романи за Александар Македонски, автор е уште на неколку историски романи, како и „Круна од трње, Катерина де Медичи“, „Кралот на Сонцето“ и „Бисерот на Валоа“.

Би можело да ве интересира

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска

Промоција на книга од Дијана Петрова во Градската библиотека

Ана Ололовска