(ВИДЕО) Шилегов: Шилото проби – Грабеж од половина милијарда евра

Од:

Шилото на Никола Груевски, бодеше, бодеше и го проби бунарот без дно. Да, во бунарот без дно ни потопиле неверојатни половина милијарда евра повеќе! 80-те милиони евра на Груевски, станале над 580 милиони евра, досега, рече Петре Шилегов.

Документирано, од официјално достапни документи, објавивме дека во бунарот без дно, Скопје 2014:

-Сумите што ги влечела власта, по објект, достигнувале над 40.000.000 евра!

-Цените на објектите се до вртоглави 35.000.000 евра повисоки од ветените!

-За паркинг место сме плаќале до 50.000 евра! Во гаражи што прокиснаа!

-Квадрат, во стиропорните и гипсани барокни објекти `не чинел до неверојатни 5.500 евра!

-Од достапните, над 800 договори, само 276 се со отворена постапка!

Владата на Никола Груевски, во  Скопје 2014, ДОСЕГА, потрошила околу 211.000.000 евра само за договори без отворена постапка!

Скопје 2014 продолжува да цица и во 2015 и преку Град Скопје ќе однесе нови над 46.000.000 евра!

Да не беше овој грабеж:

-Сите наставници во државава ќе добиеа покачување од по 5.000 денари. Ако има околу 30.000 вработени во образованието тоа ќе чинеше околу 30.000.000 евра за цела година.
-Ќе беше откупен целиот тутун со 15.000.000 евра.

-Сите сточари ќе беа обештени за болеста син јазик со 3.000.000 евра.

-Владата немаше да зема кредит од 50.000.000 евра за возови. Досега ќе се возевме во модерни возови без задолжување.

И сето ова да се направеше, немаше да однесе ни петина од проектот во камен и бронза.

-Или, Владата немаше да не задолжи кај кинезите 580.000.000 евра за патишта. Досега ќе имавме европски патишта – како Хрватска, како Албанија…

-Или, со 580.000.000 евра ќе се изградеа 15.000 станови. По 4 луѓе од фамилија, тоа се 60.000 луѓе со кров над глава. Колку еден цел град – колку Штип. Ако според Статистика, во земјава во просек се склучуваат по 13.000 бракови и парите се пренасочеа во станови, тогаш буквално секој млад брачен пар последниве три-четири години можел да добие гратис стан од државата наместо да се сели во Европа, Америка или Австралија.

Но тогаш немаше да има Скопје 2014, бунар без дно, ГРАБЕЖ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) СДСМ: Нашите советници во Тетово нема да гласаат буџетот за 2025 година

СДСМ: Власта на Мицкоски спроведува опасна партизација на АНБ и крши закон, Христовски да биде разрешен

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Ниту тунелот бил слеп, ниту нова траса за пругата, уште една лага на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Јанчева: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се единствени виновници за најлошиот јавен превоз во Европа

(ВИДЕО) Трајчулески: СДСМ е против етнички институции-советниците нема да ги гласаат буџетите во тие општини

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги