Награда за Ана Јакимска на филмски фестивал во Трст

Од:

Нацрт-сценариото (treatment) за долгометражниот игран филм „Midnight train“ на Ана Јакимска ја доби единствената награда на Филмскиот фестивал во Трст, Италија, на работилницата EASTWEEK во конкуренција од десет пријавени проекти од различни европски земји.

Јакимска е студент на Катедрата за филмска и ТВ-режија на Факултетот за драмски уметности, во класата на  Антонио Митриќески, а проектот е работен под менторство на Сашко Насев, професор по филмско и ТВ-сценарио.

Наградата и ја додели Павел Јех, декан на филмската академија ФАМУ во Прага. Таа е во форма на грант за учество на работилницата MIDPOINT во Чешка и Словачка.

– Програмата трае три месеци и вклучува две резиденцијални работилници и две онлајн сесии. Резиденцијалните сесии ќе се одвиваат во јуни и август. По завршувањето на втората работилница, проектите ќе имаат шанса да бидат презентирани пред претставници од европски филмски програми и институции, продуценти и останати филмски професионалци, овозможувајќи им на проектите да добијат интернационални копродуценти, соопшти Факултетот за драмски уметности.

Би можело да ве интересира

Презентиран тизерот за новиот хорор филм „Him“: Го продуцираше оскаровецот Џордан Пил

Предраг Петровиќ

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Познатата заводлива русокоса изгледа сосема непрепознатливо

Предраг Петровиќ

Синот на Шварценегер за снимањето на „Белиот лотос“: Семејството се уште не знае за моите голи сцени

Предраг Петровиќ

Том Холанд ќе глуми во адаптацијата на епот „Одисеја“

А1он