Кастро до САД: Вратете го Гвантанамо на Куба и укинете ги санкциите

Од:

Кубанскиот претседател Раул Кастро побара од САД да и ја вратат базата Гвантанамо на Куба, да ги укинат економските санкции и да ја надоместат штетата пред овие две држави да воспостават нормални односи.

Тој истакна дека целосни дипломатски односи може да бидат воспоставени и пред да бидат исполнети наведените барања, но дека доколку овие проблеми не бидат решени дипломатското зближување нема да има никаква смисла.

-Главниот проблем се уште не е решен. Треба да се укине економското, трговско и финансиско ембарго, кое предизвика голема штета на стопанството и населението- рече Кастро во Сан Хозе на самитот на Заедницата на латиноамериканските и карибски држави (ЦЕЛАЦ).

Шефот на дипломатијата на Костарика, Мануел Гонзалес пред почеток на собирот рече дека во финалната декларација на самитот повторно ќе го осудат американското ембарго.

Американскиот претседател Барак Обама минатата недела од Конгресот побара да го разгледаат барањето за укинување на санкциите на Куба.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија