Шпанија – Франција е втората полуфинална двојка на ракометното Светското првенство што се одржува во Катар.
Во дербито од четвртфиналната рунда, кое практично беше реприза на финалето од пред две година, актуелниот светски шампион Шпанија со голот на Канељас во последната секунда ја победи Данска со 25:24.
Противник на Шпанија во полуфналето ќе биде европскиот и олимписки шампион Франција, репрезентација која беше убедливо подобра од селекцијата на Словенија и славеше триумф со 32:23.
Потсетување дека, првиот полуфинален пар го сочинуваат Катар и Полска, кои во четвртфиналето ги елиминираа Германија и Хрватска.
Полуфиналните натпревари на програмата се во петок (30 јануари), а натпреварите за медал (3-место и финале) ќе се играат во недела (1 февруари).