Во првото полуфинале на Светското првенство во ракомет ќе играат домаќинот Катар и Полска.
Катар ја победи Германија со 26:24, додека Полска по голема борба славеше над Хрватска со 24:22.
Овој дуел дури 12 пати беше изедначен, а во последните минути јунак на дуелот беше голманот на Полска Славомир Шмал, кој при нерешен резултат ги одбрани ударите на Игор Карачиќ и на Домагој Дувњак.
Првиот дел од натпреварот го одбележа неверојатниот погодок на Крајевски, кој практично од безизлезна ситуација успеа одлично да се снајде и на импресивен начин да го совлада чуварот на мрежата „коцкестите“ Мирко Алиловиќ.