ЛП: Надворешната политика на Владата ја смести Македонија на вистинското место

Од:

„Надворешната политика на Владата на Груевски и губењето на правото на глас поради долг од 24.606 американски долари, ја сместува Македонија на вистинското место – како лидер на групата Македонија, Гренада, Киргистан, Маршалските острови, Руанда, Јемен, Тонга и Ванату. Единствена разлика е, што за разлика од претседателот на Јемен нашиот не е заробен од бунтовнички сили. Токму затоа, уште сме „лидери“.

Површноста на партизираната администрација и незаинтересираноста за надворешната политика на Владата на ВМРО-ДПМНЕ очигледно ја доживува својата кулминација.

Сепак ВМРО-ДПМНЕ и Груевски добија лекција дека не можат да го присвојуваат Генералното Собрание на ОН како што се однесуваат кон Собранието на Република Македонија.

Веруваме дека не мора да потсетуваме дека долгот мора веднаш да се плати. Една гипсана плоча помалку во барокното „Скопје 2014“ веќе ќе го подмири долгот. Ако не, веруваме дека пратениците ќе се откажат од трошоците барем за едно службено патување годишно“, се вели во соопштението на Либералната партија по повод веста за губењето на правото на глас на РМ во Генералното собрание во Обединетите Нации поради долг од 25.000 долари.

Би можело да ве интересира

До Владата засега не е пристигнато предлог-решение за правична застапеност, вели Митева

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

ДУИ: Одлуката на ЕУ да ја одвои Албанија од Македонија е најголемиот неуспех за владата

Во Охрид во тек е меѓувладината седница на македонската и на унгарската влада

Влада: 250 милиони евра за 357 понудени проекти