На Светското првенство во ракомет што се одржува во Катар денеска на програмата се дуелите од четвртфиналето, а победниците од тие натпревари ќе ги продолжат борбите за медалите.
Поразените ќе разигруваат за олимписките квалификации, што значи дека овие осум селекции ќе играат до последниот ден на шампионатот.
Најголемо внимание од дуелите привлекува натпреварот меѓу Шпанија (светски првак) и Данска. Овој дуел е всушност реприза на финалето од пред две години во Барселона. Победникот во следната рунда ќе игра со подобриот од натпреварот Франција – Словенија. „Триколорите“ се апсолутни фаворити и имаат шанса повторно покрај титулата европски и олимписки шампион да ја додадат и светската.
На вториот дел од „костурот“ ќе играат домаќинот Катар, кој за ривал ја има Германија. Хрватска ќе игра против Полска што претставува реприза на полуфиналето од СП од 2009 година.
Распоред на натпреварите:
Хрватска – Полска и Катар – Германија играат од 16:30 часот
Шпанија – Данска и Франција – Словенија играат од 19 часот