ВИДЕО: Гардист падна во бессознание за време на заклетвата во „Гоце Делчев“

Од:

Гардист на АРМ, за време на давањето на свечената заклетва на Воената Академија „Генерал Михајло Апостолски“, падна во бессознание.

Градистите кои беа дел од свеченоста, од рано изутрината биле на отворено сонце во касарната „Гоце Делчев“ и го вежбале појавувањето пред владиниот кор и претпоставените од Генералштабот. Во еден момет на еден од гардистите му се слоши и падна на земја, по што веднаш реагираа неговите колеги и тој беше пренесен под ладовина каде веднаш му беше пружена прва помош. Гардистот сега е во добра здравствена состојба.

Свеченоста се одржа по повод давањето заклетва на питомците – студенти од прв циклус, со што тие го почнаа своето четиригодишно школување на студии на Воената академија во Скопје. По завршување ќе добијат чин потпоручник и ќе станат дел од офицерскиот кор на Армијата на Република Македонија. Четворицата слушатели на курсот по негово завршување ќе станат воени пилоти. Нивната обука се реализира во Центарот за обука на пилоти во кој паралелно заедно работат македонски и израелски инструктори.

Трета година по ред, на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ во Скопје, покрај питомците од Македонија се образуваат и питомци од земјите од регионот.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната