На планинскиот превој Стража е намалена видливоста до 50 метри поради појава на магла, а повремен снег кој засега не се задржува на коловозот има во Павлешенци, информира утрово Авто мото сојузот на Македонија.
Оттаму истакнуваат дека сеуште важи забраната за движење на тешки товарни возила над 7,5 тони и автобуси на патот Ржаничино – Д.Коњаре поради оштетување на средниот столб на мостот на реката Пчиња.
Останува во сила и забраната за движење на возила на патот Киселица – Злетово поради свлечиште.
Во прекин е сообраќајот на регионалниот пат на м.р. Глобица во непосредна близина на селото Ратавци – Пробиштип и на патните правци кон селата Степанци и Суво Грло.
На патот Радовиш – Штип штетата на мостот е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента.
На останатите патишта сообраќајот се одвива нормално по влажни коловози.