Во најновиот извештај за Бугарија според механизмот за соработка и проверка, што официјално ќе биде објавен утре, Европската комисија наведува дека организираниот криминал и корупцијата остануваат најголеми проблеми во земјата, јави БТА.
Според извештајот политичката нестабилност во изминатата година не дава цврста основа за дејствување против овие проблеми. Корпуцијата се истакнува како сериозен проблем, а комисијата БорКор не дава резултати соодветни на вложените во неа ресурси и повеќе изгледа како служба за анализа. Поради тоа, ЕК препорачува да се земе во предвид целата анализа извршена од невладиниот сектор за борбата против корупцијата.
Како најголеми проблеми за борбата против корупцијата се наведуваат, проблемите со процесот за јавни набавки, недостигот на законски промени неопходни за спречување на конфликт на интереси и незаконско збогатување.
Во извештајот се наведува дека бугарското обвинителство преземало соодветни чекори во борба против корупцијата со забрзување на процесите, но како недостаток го наведува малиот број на случаи против лица на високи функции.
ЕК во однос на борбата против организираниот криминал истакнува дека има зголемување на бројот на резгледани случаи минатата година, но дека казните се недоволни. Како проблем се наведува заканата кон сведоците во судските процеси. Исто така, како поблем се посочува и незадоволителниот процес за одземање на илеглано стекнатиот имот од страна на криминалните групи.
Во новиот извештај на ЕК за Бугарија се наведува дека комисијата очекува промена на законските текстови поврзани со борбата против коурпцијата на високи нивоа, за разграничување на активната од пасивната корупција, како и за тргоцијата со политичко влијание.