Најголемиот производител на челик во Јапонија “Nipon stil” сега и официјално се интегрира со компанијата “Сумитомо Метал”, со што е формиран вториот по големина, производител на челик во светот.
Нивната цел е да го прошират својот бизнис во светот, пред се во Кина, Индија и другите економии во подем, во кои се очекува да се зголеми побарувачката на челик и да се консолидира работењето на се помалиот јапонски пазар.
NSMC поседува годишен капацитет за производство на околу 50 милиони тони челик. Втори се по големина во светот, по “АрселорМитал”, чие седиште се наоѓа во Луксембург, пренесува АП.
Јапонски челичарници со тешкотии конкурираат во светот што се должи на реорганизацијата на глобалната челична индустрија. Двете компании почнаа соработка во 2002.
NSMC планира да го зголеми годишното производство на дури 70 милиони тони челик во наредните 10 години.