Нови апсења на турски полицајци обвинети за незаконски прислушувања

Од:

Турските власти издадоа наредба за апсење на 26 полицајци во рамки на операцијата против т.н. „паралелна структура“.

Обвинителството во Измир побарало спроведување на операција поради обвинение за незаконски прислушувања извршени од „паралелната структура“, како што турската Влада ја нарекува наводната мрежа од приврзаници на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, вработени во државните структури, како на пример полицијата и судот.

Акцијата била спроведена во 11 градови во округот Измир. Според турските медиуми, биле уапсени 12 полициски службеници од вкупно 26, за кои е издадена наредба за притворање.

Весникот „Хуриет“ пишува дека полициската операција била најавена уште синоќа на социјалната мрежа Твитер од „Фуат Авни“, кој во последните месеци стана претпознатлив по неговите точни предвидувања за претстојни полициски операции.

– Изутрина ќе има операција во Измир, предупреди синоќа на својот профил непознатиот корисник на социјалната мрежа, за кого постои сомнеж дека може да е човек од внатрешните кругови на Владата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ