Синовите на Хосни Мубарак ослободени од затвор

Од:

Двајцата синови на поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак се ослобдени од затвор, само еден ден по одбележувањето на четиригодишнината од бунтот со кој беше соборен нивниот татко.

Алаа и Гамал Мубарак го напуштија затворот во Каиро и веднаш заминаа во своите домови во каирското предградие Хелиополис, изјави претставник на безбедносните служби.

Минатата недела судот во Каиро нареди двајцата да бидат пуштени од затвор до повтореното судење за нив и за Хосни Мубарак.

Според судот, Алаа и Гамал веќе го издржале максималниот рок што е предвиден за притвор.

Браќата Мубарак беа уапсени во април 2011 година, кога беше уапсен и долгогодишниот претседетл Хосни Мубарак. Неговите двајца синови беа обвинети за корупција и за проневера.

Судот ги осуди на четири години затвор, но на почетокот од јануари египетскиот Касациски суд ги поништи пресудите, откривајќи процедурални пропусти и нареди ново судење на кое ќе се појават двајцата браќа и нивниот татко.

Хосни Мубарак и натаму се наоѓа во воената болница во Каиро и засега не е јасно кога и тој ќе биде пуштен дома.

Еден ден пред ослободувањето на браќата Алаа и Гамал Мубарак во египетскиот главен град се одржаа антивладини протести во знак на одбележувањето на бунтот што опозицијата го означува како „револуција“.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро