Аргентина ги расформира своите разузнавачки агенции

Од:

Аргентинскиот претседател Кристина Фернендез де Кирхнер објави план за расформирање на сегашните разузнавачки агенции во земјата.

Во обраќање преку државната телевизија, Кирхнер рече дека се прави нацрт-план за создавање на целосно нови тајни служби.

Претседателката на Аргентина овој свој неочекуван потег го објасни со состојбите во агенциите, за кои рече дека ја задржале истата структура што ја имале и во времето на аргентинската воена хунта, која беше соборена уште во 1983 година.

Објавувањето дека се распуштаат националните тајни служби за да се создадат нови, доаѓа по мистериозната смрт на специјалниот иследник Алберто Нисман. Тој беше најден мртов во својот стан непосредно пред да сведочи пред парламентараната Комисија за безбедност.

Нисман безмалку десет години водеше истрага за терористичкиот напад врз Еврејскиот културен центар во Буенос Ајрес во 1984 година, во кој беа убиени 85 лица.

Пред да се појави како сведок пред Комисијата, во едно интервју Нисман ги обвини претседателката Кирхнер и министерот за надворешни работи Хектор Тимерман дека подготвуваат заговор со кој треба да се сокрие вмешаноста на Иран во нападот. Заговорот се правел за да се обезбеди потпишување меѓудржавен договор за крупна бизнис зделка со Иран.

Во првата реакција на полицијата по откривањето на телото на специјалниот иследник беше речено дека станува збор за самоубиство. Таа верзија беше напуштена откако претседателката Кирхнер објави на својата страница на Твитер дека не верува оти Нисман се самоубил.

Освен што рече дека самоубиството за кое се зборува „не е самоубиство“, Кирхнер тврдеше и дека Нисман бил изигран од своите извори, кои му се претсвувале како аргентински разузнавачи за да измислат некаков „заговор“.

Претседателката Кирхнер во изјавата на Твитер напиша дека „разузнавачите“ со кои се верува дека контактирал Нисман, не биле тоа.

Само една недела подоцна, таа соопшти дека ги расформира аргентинските разузнавачки агенции.

Би можело да ве интересира

Аргентина делумно ќе ги укине даноците наметнати на стоки купени во странство

Пет лица уапсени за уривањето на хотелот Дубровник во Аргентина: Едно лице загина

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се урна хотелот „Дубровник“, спасувачите трагаат по исчезнатите

Исекоа шума во Аргентина, папагалите се спуштија во градот, гризат кабли, ги излудуваат луѓето

ВИДЕО: Хаос на стадион – голманот на Бока се судри со навивачите

Предраг Петровиќ

Бразил продолжи со катастрофалната игра, загрозен е пласманот на Мундијалот по поразот од Парагвај

Предраг Петровиќ