Египет: На годишнината од револуцијата уапсени 516 лица

Од:

Египетската полиција уапси 516 привзаници на забранетото движење „Муслимански браќа“ за време на насилствата што избувнаа на одбележувањето на четвртата годишнина од револуцијата на 25. јануари, соопшти египетското Министерство за внатрешни работи.

Претходно Министерството за здравство објави дека 23 лица загинале во Египет во судири, а над 90 биле повредени. Најмногу жртви 20 се регистрирани во Ел-Матари, предградие на Каиро.

Според египетските власти терористички групи се инфилтрирале во редовите на демонстрантите и употребиле оружје против невооружени цивили.

Во протестите за одбележување на годишнината од соборувањето на поранешниот претседател Хосни Мубарак, учествуваа во најголем дел приврзаници на исламистичкиот претседател Мохамед Морси и групата Муслимански браќа, кои се борат против актуелниот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, кој во јули 2013 го смени Морси од претседателската функција.

Би можело да ве интересира

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро