Франција и Данска последни четвртфиналисти на Мундијалот

Од:

Франција и Данска се последните две репрезентациите кои обезбедија пласман во четвртфиналето на Светското ракометно првенство, што се одржува во Катар.
Актуелниот европскиот првак Франција полесно од очекуваното во осминафиналето беше подобра од Аргентина со 33:20.

Данска која лошо играше во групната фаза, во нокаут-рундата заигра на посакуваното диво и за место меѓу осумте најдобри се избори со победата над Исланд со 20:25.

Со овие два натпревари комплетирана е осминафиналната рунда, а водено познати се и сите четвртфинални двојки.

Во четвртфиналето кое ќе се игра во среда, Франција за противник ќе ја има Словенија, а Данска за место во полуфиналето ќе се бори со актуелниот светски шампион Шпанија.

Во преостанатите два четвртфинални натпревари ќе играат, Хрватска против Полска, и домаќинот Катар против селекцијата на Германија.

Би можело да ве интересира

Гајиќ го играше последното Светско првенство

Ана Ололовска

Избран идеалниот тим на Мундијалот во Катар, Омејер со признанието МВП

Ана Ололовска

Франција е светски шампион во ракомет

Емир Латифовиќ

Полска по продолженија до бронзата

Емир Латифовиќ

Катар по невозможна мисија, Франција не загубила финале 22 години

Емир Латифовиќ

Чешки судии за финалето попладнево

Емир Латифовиќ