Орбан: Многу Унгарци за време на Втората светска воја извршија срамни дела

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека голем број Унгарци извршиле срамни дела за време на Втората светска војна.

Тој, на церемонијата за сеќавање на еврејските војници, кои загинале бранејќи ја унгарската граница за време на Првата светска војна, истакна дека треба да им се оддаде должната почит на Евреите, додавајќи оти 30 години подоцна Унгарија помогнала во нивната депортација.

Околу 430.000 од 1,3 милиони луѓе убиени во Аушвиц, се унгарски Евреи, се наведува на интернет-страницата за 70-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц, што утре ќе биде одбележана.

– Тоа е трагедија за унгарскиот народ и голема загуба за унгарската еврејска заедница. За време на Втората светска војна бевме индиферентни, кога требаше да помогнеме, многу Унгарци го избраа злото пред доброто, кои избраа да извршат срамни наместо дела достојни за почит, посочи Орбан.

Владата на Орбан минатата година откри споменик на жртвите од хитлертовската окупација на Унгарија, но еврејските групи истакнаа дека Владата ја прикртива улогата на Унгарија во холокаустот.

Би можело да ве интересира

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта

Во Охрид во тек е меѓувладината седница на македонската и на унгарската влада

ВИДЕО: Се излеа Дунав во Унгарија, водата дојде до парламентот во Будимпешта

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил

ЕУ ја предупреди Унгарија: „Вашиот потег е безбедносна закана“

Унгарија од Кина зема заем од милијарда евра