Карабатиќ: Хрватска има отворен пат до финале

Од:

Најдобриот ракометар на последното европско првенство, Никола Карабатиќ до сега најчесто се оградуваше од били какви прогнози, нагаѓања, претпоставки. Успеавме да го уловиме, заедно со хрватските медиуми и се осврна најмногу на синоќешната тешка победа на Хрватска против Бразил:

„Беше тешко, но сметам дека сега Хрватска има отворен пат до финале“, низ насмевка рече соиграчот на Лазаров од Барселона.

За неговата Франција беше прескромен:

„Не калкулираме со противниците. Наидовме на тие што костурот ни ги донесе. Наша цел е пласман на Олимписките игри ви Рио, а за тоа мора да го минеме четвртфиналето“, рече Карабатиќ пред мечот со Аргентина.

Новиот капитен поставен од Клод Онеста од пет обиди не постигна ниту еден гол на мечот со Шведска, но и без негов голем учинок во нападот, Франција ги совлада „трите круни“ и со 9 бода влезе во осминафиналето. Франција никогаш не загубила од Аргентина, ниту од јужноамериканска селекција, но вчерашниот отпор на бразилците силно го опоменува и четирикратниот светски првак.

Би можело да ве интересира

Гајиќ го играше последното Светско првенство

Ана Ололовска

Избран идеалниот тим на Мундијалот во Катар, Омејер со признанието МВП

Ана Ололовска

Франција е светски шампион во ракомет

Емир Латифовиќ

Полска по продолженија до бронзата

Емир Латифовиќ

Катар по невозможна мисија, Франција не загубила финале 22 години

Емир Латифовиќ

Чешки судии за финалето попладнево

Емир Латифовиќ