Репрезентациите на Полска и Германија обезбедија пласман во четвртфиналето на Светското ракометно првенство, што се одржува во Катар.
Во првите два натпревари од денешната програма на Мундијалот, Полска во осминафиналето беше подобра од Шведска со 24:20, додека Германија убедливо со 23:16 ја победи селекцијата на Египет.
Со тоа комплетирани се првите два четвртфинални натпревари.
Селекцијата на Германија за место во полуфиналето ќе се бори со домаќинот Катар, додека Полска за противник во четвртфиналето ќе ја има репрезентацијата на Хрватска.
Кои ќе бидат противници на Шпанија и Словенија во полуфиналето ќе биде познато вечерва по одигрувањето на последните два осминафинални натпревари во кои, европскиот првак Франција за противник ја има Аргентина, а Исланд ќе игра против Данска.